7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на слободни работни места во четвртиот квартал 1,32 проценти

Стапката на слободни работни места во четвртиот квартал 1,32 проценти

rabota

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.32%.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2.97%, додека најмала е стапката во секторот Ј – Дејности во врска со недвижен имот, каде што изнесува 0.12%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.82%.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.40%. Најголем број слободни работни места, односно 2 109, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП