6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранските инвеститори во имот во Турција нема да плаќаат ДДВ

Странските инвеститори во имот во Турција нема да плаќаат ДДВ

stranci imot tr

Владата на Турција одлучи дека странските инвеститори во недвижности нема да плаќаат 18% ДДВ при купување на стан, соопштува интернет изданието „Global Property Guide“.

Исклучокот ќе важи и за Турците кои живееле и работеле во странство повеќе од шест месеци, и одлучиле да купат имот во татковината.

Властите поставуваат сепак и еден услов, за да важи исклучокот – купувачите да платат во странска валута и да го задржат имотот најмалку една година по трансакцијата.

Во последните месеци турската влада предложи многу попусти и стимулации за странските купувачи на имот. Во јануари пример властите објавија дека стартуваат со шема за т.н. „златни визи“. Таа предвидува да се дава дозвола за престој и турско државјанство на инвеститори во имот во вредност од најмалку 1 милион долари.

Шемата ќе се применува и за купувачи на турски долг или депоненти во турски банки, а прагот во двата случаи е соодветно 2 милиони долари и 3 милиони долари.

За периодот јануари-ноември 2016-та година, продажбата на имот на странци во Турција се намали за 19% во споредба со истиот период од 2015-та година, покажуваат податоците на турската национална статистичка служба. Најголемите групи купувачи во земјата се Ирачаните, Саудијците, Кувајтците и Русите.

Сепак продажба на имот на турските граѓани се зголемуваат за 4,5% во периодот на годишна основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП