27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord најави 1.100 откази

Ford најави 1.100 откази

ford-carmaker

Челниците на американската автомобилска компанија „Ford“ потврдија дека ќе укинат 1.100 работни места во својата фабрика за производство на мотори во Велс.

„Отказите се потврдени на состанокот на фабриката на „Ford“ во градот Бриџенд“, соопшти британскиот работнички синдикат GMB, пренесува агенцијата Ројтерс.

Планот на „Ford“ е да укине 1.100 работни места во периодот од пет години, поради кој во фaбриката ќе останат само 600 вработени, наведува британската агенција.

„Кошмарот на нашите членови во Бриџенд за жал стана реалност“, изјав Џеф Бек од синдикатот GMB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП