1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Дијамантите (не) се вечни

График на денот: Дијамантите (не) се вечни

ne se vecni 00

Рудникот за дијаманти „Gancho Kue“ е извонреден потфат. Изграден од „De Beers“ во замрзната тундра во северозападна Канада, ова е најголемиот нов рудник во светот од над една деценија. „De Beers“ сепак не планира друг, раскажува „Economist“.

Се очекува глобалните испораки на дијаманти да го достигнат максимумот за неколку години, а тоа означува пресвртница за индустрија, изградена врз паметните контролирани испораки и вештото развиено пребарување.

„De Beers“ е основана во 1888-ма година, за да бара дијаманти во Јужна Африка. До 1902-ра година таа веќе контролира 90% од светскиот пазар. Компанијата ја зголемува побарувачката преку итар маркетинг, незаборавни пароли – „дијамантите се вечни“ и создавање на социјални правила, убедувањето на мажите да трошат двомесечна плата за купување на прстен со дијамант.

Цврстата контрола над испораките продолжува до 90-тите години. Новите откритија во Канада, граѓанската војна во Ангола и распадот на Советскиот Сојуз, сепак го прават снабдувањето потешко за управување, што значи дека се повеќе дијаманти се продаваат надвор од картелот. Во 2000-та година, „De Beers“ соопшти дека ќе престане со строгата контрола врз снабдувањето, наместо тоа ќе продава внимателно на одбрани клиенти.

ne se vecni 02

Конкурентската „ALROSA“ – руската државна компанија за дијаманти, произведува повеќе камења од „De Beers“, но заработува помалку. И други нови компании се мешаат. „De Beers“ се уште е најголемиот производител од гледна точка на вредноста, но формира само една третина од глобалната продажба наспроти 45% во 2007-ма година.

Пазарот на дијаманти изгледа се понестабилен. Продажбата на компанијата се намали за 34% во 2015-та година, пред повторно да се зголеми за 30% во минатата година. Бидејќи таа контролира една третина од пазарот, намалувањето на производството има ограничен ефект врз вкупните резерви.

А понудата генерално се намалува. Повеќето дијаманти се наоѓаат во речни корита, на бреговите или во изгаснатите вулкани, или пак во канали под земја или под езера. Најлесните дијаманти за пронаоѓање веќе се извадени.

Од околу 7.000 канали, заверени од компаниите, само 15% имале дијаманти и само 1% (околу 60) содржеле доволна количина за да се оправда изградбата на рудникот.

„Gancho Kue“ чини 1 милијарда долари. Оваа сума се смета за целесообразна во споредба со трошоците за откривање и создавање на рудник на други места. Како резултат на тоа се очекува глобалното производство на дијаманти да го достигне својот врв во 2019-та година, вели консултантската куќа „Bain“. Таа очекува испораките на нови дијаманти паѓаат со 1-2% секоја година до 2030-та година.

„De Beers“ продолжува да истражува во Канада, Јужна Африка, Боцвана и Намибија. Сепак големите откритија од „De Beers“ или која и да е друга компанија, се малку веројатни.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП