4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ја надмина целта на ЕЦБ

Германија ја надмина целта на ЕЦБ

153524701158b6dd6bdd99e628063438_w640

Инфлацијата во Германија во февруари достигна 2,2 проценти, со што е надмината целта на Европската централна банка за одржување на стабилност на цените, оценува агенцијата АФП.

Станува збор за најголемиот раст на инфлацијата во Германија од август 2012 година, кој исто така благо ја надминува прогнозата на аналитичарите од 2,1 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Растечките цени на енергентите и повисоките цени на храната повторно беа еден од главните поттикнувачи на инфлацијата во февруари, соопшти германската Федерална канцеларија за статистика, потсетувајки дека потрошувачките цени во јануари пораснале за 1,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП