6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија воведува рестрикции на визите за работници во индустријата за брза храна

Австралија воведува рестрикции на визите за работници во индустријата за брза храна

aus fast food

Австралија повеќе нема да издава визи за странски работници кои ги полнат работните места во индустријата за брза храна, изјави министерот за имиграција Питер Датон.

Тој рече дека одлуката е донесена со цел да се заштитат работните места на Австралијанците.

Од 2012 година, повеќе од 500 вработени странци добиле виза, позната како виза 457, да работат во разни компании како на пример McDonald’s, KFC и Hungry Jack’s.

Визите за квалификувани работници, со цел да се пополни недостатокот во Австралија, исто така се однесуваат и за членовите на нивните семејства.

„Мора да им се даде приоритет на Австралиските работници, особено младите Австралијци“, рече Датон објаснувајќи ја промената. Тој додаде дека останува можноста за одобрување виза под исклучителни околности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП