28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер претстави пет сценарија за иднината на ЕУ27

Јункер претстави пет сценарија за иднината на ЕУ27

juncker-eu-parliament

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, понуди во средата пет можни сценарија за иднината на Европската унија до 2025 година, кои се замислени како подлога за расправа во текот на оваа година, а не како готови решенија.

Јункер во Европскиот парламент ја претстави „Белата книга за иднината на Европа: размислувања и сценарија за ЕУ27 до 2025-та“.

Јункер во својот говор рече дека досега расправата за иднината на ЕУ пречесто водеше во смисла на дилемите „помалку или повеќе Европа“, односно поцврста или полабава унија, но дека таквиот пристап е погрешен.

Петте можни сценарија претставени во Белата куќа се следни: да се задржи статус-квото, ЕУ само како единствен пазар, Европа со повеќе брзина, ЕУ со помалку овластувања но поефикасна, ЕУ која во повеќе подрачја ќе работи заедно.

За предложените сценарија треба да се изјаснат земјите членки, што не треба да се очекува пред да завршат многу важните избори во Холандија, на 15-ти март, потоа на маските претседателски избори во Франција, како и септемвриските парламентарни избори во Германија.

Јункер во својот говор за состојбата во ЕУ во 2017 година во септември пред Европскиот парламент би требал да ја резимира расправата и размислувањата на државите членки, а на самитот во декември годинава би требало да бидат првите заклучоци.

Белата куќа е придонес на Европската комисија за самитот кој се одржува на 25-ти март во Рим по повод прославата на 60-годишнината од Римските договори. На тој самит би требало да го започне процесот во кој 27-те преостанати, би требало да ја донесат одлуката за идната Европска унија.

Јункер најави дека ЕК следните месеци ќе ги објави низа документи кои треба да послужат како подлога за расправата. Станува збор документите коишто ќе се однесуваат на развојот социјалните димензии во Европа, продлабочените интеграции во Економската и монетарните унии, документ за штетните последици од глобализацијата, за иднината на европската одбрана, како и за иднината на европските финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП