2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPepsiCo планира да затвори една од фабриките за чипс во Велика Британија

PepsiCo планира да затвори една од фабриките за чипс во Велика Британија

walkers cips33

Компанијата производител на пијалоци и храна „PepsiCo“ планира да ја затвори својата фабрика за чипс „Walkers“ во Северна Англија, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на изјава на компанијата. Мерката загрозува околу 400 работни места.

Производите на „PepsiCo“ во Велика Британија ги вклучуваат освен пијалоците „Pepsi Max“ и „Quaker“.

Од „PepsiCo“ велат дека нивната одлука нема никаква врска со референдумот во Британија, на кој мнозинството Британци одлучија дека нивната земја треба да ја напушти Европската унија. Чипсот, кој досега се произведуваше во комплексот во Питерли, ќе се произведува во други фабрики во Велика Британија.

„Измените кои ги нудиме, претставуваат значителна заштеда на перформанси и ефикасност, што е клучно за долгорочниот одржлив раст на нашиот бизнис во Велика Британија“, вели Трејси Фостер, директор на производство во Питерли, во соопштението.

Според неа нема да се земаат никакви одлуки без претходно да се консултираат со вработените и нивните претставници.

Во Велика Британија за „PepsiCo“ работат близу 5.000 лица во 11 комплекси, вклучувајќи ја фабриката во Лестер, која исто така произведува чипсови „Walkers“ и е најголемата фабрика за чипс во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП