6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Германија продолжува да се намалува во февруари

Невработеноста во Германија продолжува да се намалува во февруари

agencija rabota germanija3

Невработеноста во Германија продолжува да се намалува во февруари, соопшти „Bloomberg“.

Сезонски прилагодените податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека бројот на невработените се намалува со 14.000 до 2,59 милиони луѓе. Економистите анкетирани од „Bloomberg“, очекуваа пад од 10.000 лица. Така уделот на невработените останува на ниво од 5,9%, што е најниска вредност од обединувањето на Германија, па наваму.

Во Источна Германија падот изнесува 6.000 лица, а во Западна на 8.000.

„Случувањата на пазарот на трудот и понатаму се позитивни. Бројот на невработени се намалува во февруари, вработувањето, при што се плаќаат придонеси, е на значително повисоко ниво отколку пред една година, а побарувачката од страна на компаниите на нови вработени продолжува да е на високо ниво“, вели Франк-Јирген Вајзе, претседател на Агенцијата за вработување, со седиште во Нирнберг.

„Bloomberg“ потсетува дека и бизнис довербата во федералната република се подобрува, освен тоа има и забрзување во активноста во индустријата и услугите. Тоа ги поддржува прогнозите на централната банка Бундесбанк дека економскиот раст во Германија ќе се засили во првиот квартал. Во месечниот извештај централната банка наведе дека условите на пазарот на трудот се поволни, а пополнувањето на слободните позиции ќе станува потешко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП