3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечкиот БДП пораснал за 2,5 проценти

Словенечкиот БДП пораснал за 2,5 проценти

slovenija3

Словенечкиот бруто домашен производ (БДП) пораснал минатата година за 2,5 проценти, покажува првата проценка која вчера ја објави државниот статистички завод.

БДП пораснал побрзо во споредба со 2015 година, кога се зголемил за 2,3 проценти.

Мерен според тековните цени, словенечкиот БДП на крајот на минатата година изнесувал 39.769 милијарди евра, што е номинално, мерено според тековните цени со раст од 3,1 проценти, додека реалниот раст изнесува 2,5 проценти.

Надворешната побарувачка лани била главен генератор на растот, па така извозот се зголемил за 5,9 проценти, иако неговиот раст е малку забавен во однос на претходниот период, а трендот на зголемување на домашната потрошувачка е продолжен.

Домашната побарувачка била поголема за 2,4 проценти, растот на потрошувачката на домаќинствата за 2,8 проценти, а домашната потрошувачка за 3,7 проценти во однос на истиот период 2015 година.

Според анализата на статистичкиот завод, слични трендови во нивото на растот на потрошувачката последен пат се забележани во првата половина од 2008 година, со тоа што сега надворено-трговското салдо помалку опаѓа, па извозот расте побавно од увозот.

Според оценките за раст на БДП домашната статистика е нешто поповолна од проценката на словенeчките и меѓународните установи, кои предвидуваа раст од 2,2 до 2,3 проценти, а конечните податоци за словенечкиот БДП во 2016 година ќе бидат објавени во август оваа година, пренесува Хина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП