ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП отвори дополнителни шалтери во Скопје за поднесување годишна даночна пријава

УЈП отвори дополнителни шалтери во Скопје за поднесување годишна даночна пријава

ujp

Со цел избегнување на метежите во последните денови пред крајниот рок за поднесување годишна даночна пријава, од среда, УЈП отвори дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).

На овој начин граѓаните од Скопје, но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат даночната пријава да ја поднесат на три локации, вклучувајќи ја Регионална дирекција Скопје и Даночниот шалтер Чаир. Исто така, пријавите може да се поднесуваат и преку Мобилните даночни шалтери на УЈП.

Од УЈП повикуваат граѓаните да ги достават Годишните даночни пријави најдоцна до 15-ти март.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП