3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКога Британците ќе заминат, некој од ЕУ ќе мора да плати

Кога Британците ќе заминат, некој од ЕУ ќе мора да плати

145553804458b57e0cd1c95620351445_w640

Германија и другите членки на ЕУ ќе мораат да уплатат поголеми средства во буџетот на ЕУ по отстапувањето на Велика Британија од блокот, изјави европскиот комесар Гинтер Етингер.

Членките, како што истакна, сепак нема да го покријат целокупниот удел на Британија, пренесува агенцијата Франс прес.

„Не мислам дека земјите членки се подготвени на себе да го преземат целокупниот придонес на Британија. Истоврмено, Полска и другите буџетски корисници нема да прифатат помошта за структурно слабите региони да биде намалена за девет милијарди евра годишно. Компромисот ќе мора да се пронајде“, изјави Етингер за германскиот деловен весник „Ханделсблат“.

Поради новите финансиски органичувања предизвикани со бегалската криза и борбата против тероризмот, ЕУ би можела да го намали износот на средства во традиционалните области за потрошувачка, како што се субвенциите за земјоделството, оценува АФП.

Етингер, исто така, нагласи дека се противи на плаќањето на специјален данок за ЕУ, што неодамна го предложи поранешниот италијански премиер Марио Монти, па наместо тоа, дел од средствата би можел да биде соберен од акцизите на гориво во земјите членки „во износ од еден или два центи по литар“.

Официјален Лондон, според неговите зборови, ќе продолжи да ги финансисра проектите на ЕУ во чие креирање имал улога, дури и по планираниот конечен излез од ЕУ во 2019 година.

„Британскиот придонес во буџетот на ЕУ нема ненадејно да престане кога Бритнаија ќе отстапи од блокот“, истакна Етингер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП