2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректорот на Samsung обвинет за проневера

Директорот на Samsung обвинет за проневера

samu

Јужнокорејското обвинителство го обвини директорот на „Samsung“ Џеј Ли за подмитување и проневера на пари.

Конгломератот претходно најавуваше распуштање на своите канцеларии за корпоративна стратегија, пренесува Ројтерс.

Џеј Ли (48) беше уапсен на 17ти февруари поради основани сомнежи дека учествувал во корупциски скандал кој ја зафатил и обвинетата претседателка Парк Геун Хје.

Канцеларијата за специјално обвинителство соопшти, на последниот ден од истрагата, дека Ли и четворицата претставници се обвинети за подмитување и проневера на пари.

„Се извинувме за социјалните контроверзии и немирот кои ги предизвикавме“, изјави потпретседателот на „Samsung“ Ли Џун пред репортерите.

Сите обвинети ја отфрлија вината, а портпаролот на „Samsung“ изјави дека засега не знае како да се избори со вакиот случај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП