2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо слабата продажба кон крајот на 2016-та, Target ги намали целите за...

По слабата продажба кон крајот на 2016-та, Target ги намали целите за профит

target353

Американскиот синџир за малопродажба „Target“ ги намали целите за профит за оваа година, велејќи дека требало да инвестира во своите продавници и да се намалат цените, за да се вратат назад корисниците.

Синџирот, која забележа пад на продажбата и профитот во кварталот, вклучувајќи ги божиќните празници, изјави дека профитот во 2017-та година ќе се намали за 25% под прогнозите на „Wall Street“.

Акциите поевтинија со 13% до 58,18 долари во раната трговија.

„Ќе ги забрзаме инвестициите за интелигента мрежа од физички и дигитални средства. Покрај тоа, ќе инвестираме во пониски бруто маргини, за да се осигура дека цените ни се јасни и конкурентни секој ден“, рече Брајан Корнел, извршен директор и претседател на „Target“.

Корнел вели дека компанијата ќе претстави дополнителни детали за плановите за време на состанокот со финансиските аналитичари.

За 2017-та година „Target“ објави дека прогнозира приспособена заработка по акција од 3,80 до 4,20 долари. Аналитичарите, анкетирани од „Thomson Reuters“, очекуваа просек од 5,34 долари по акција. Компанијата предвидува и пад помеѓу 1% и 3% на споредливата продажба.

Од „Target“ ја дадоа изјавата откако во јануари компанијата ги намали насоките за кварталот поради послабата од очекувањата продажбата за време на празничната сезона, потенцирајќи на слабиот „сообраќај“ во продавниците на компанијата.

За четвртиот квартал споредливата продажба на „Target“ паднаа за 1,5%, што е во долниот крај на „LONCOD“, насоките во кои се движи компанијата. Корнел, рече дека резултатите го „одразуваат влијанието на брзо растечкото корисничко однесување, што доведува до многу силен дигитален раст, но и неочекувана слабост во продавниците“. Онлајн продажбата се зголеми за 34%, но сообраќајот во физичките продавници порасна само за 0,2%.

Генерално за кварталот, кој заврши на 28-ми јануари, „Target“ забележа профит од 817 милиони долари, или 1,45 долари по акција, во споредба со 1,43 милијарди долари, или 2,32 долари за акција, за истиот период од претходната година. Аналитичарите очекуваа 1,51 долари за акција.

Продажбата се намали за 4,3% до 20,69 милијарди долари, а пак аналитичарите очекуваа 20,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП