2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Каде мигрираат милионерите?

График на денот: Каде мигрираат милионерите?

milioneri migracija

Парите може и да не купуваат среќа, но купуваат исклучителна флексибилност, кога станува збор за одлуки поврзани со бизнисот или начинот на живот, коментира „VisualCapitalist“.

За многу од милионерите во светот парите нудат исклучително ефикасно средство да избегаат од својата земја, кога работите нема да бидат така како што посакуваат. Тие лесно можат да си ги соберат работите и да се преселат со семејството на место кое ќе им понуди подобри можности за просперитет.

Според новиот извештај на „New World Wealth“ тоа беше исклучително точно во 2016-та година, бројот на милионерите мигранти е зголемен за 28% повеќе од минатата година.

Во 2016-та година имало вкупно 82.000 милионери кои мигрирале во потрага по подобро место за живот.

Франција е на чело на листата на милионери кои емигрирале веќе втора година по ред, а богатите ја напуштаат поради условите кои ги сметаат за непријателски. Во Франција се зголемени мерките за безбедност поради се порелигиозни тензии и популизам, но земјата има и даночен систем, кој не е особено пријателски настроен кон богатите. „International Business Times“ го нарекува тековниот проблем „масовен егзодус на милионерите“.

Милионерите продолжуваат да ги напуштаат и Кина и Индија, но две од најинтересните земји на листата се Бразил и Турција.

Бразил продолжува да е во длабока економска криза, а најлошата рецесија веројатно ќе трае и осми по ред квартал во последните три месеци од 2016-та година. Од друга страна „Washington Post“ ја опишува Турција како земја која е во „постојана состојба на криза“. Ова може да е праведна критика, бидејќи во 2016-та година имаше атентат врз рускиот амбасадор, валутна криза, економска криза и обид за воен удар.

Од гледна точка на финалната дестинација во 2016-та година Австралија била најчестата крајна цел за милионерите мигранти, а зад неа се САД и Канада.

Нов Зеланд исто оствари двоен раст на бројот на милионери кои емигрирале, а ОАЕ останува популарна дестинација за богаташите во Блискиот Исток.

milioneri migracija1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП