20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоена свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции

Воена свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции

polk-specijalni-edinici-680x365_c

Во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи воена свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (ПСО).

Во годината кога Армијата на Република Македонија ги одбележува јубилејните 25 години од нејзиното формирање, Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма согласно Правилото за воен протокол на која ќе има пригодни обраќања од командантот на единицата и највисоките присутни авторитети, доделување на стимулативни мерки и дефиле на единиците од состав на пСО.

На свеченоста ќе присуствуваат Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, генералите во АРМ, поранешни началници на ГШ на АРМ и пензионирани генерали, високи претставници од МО и ГШ на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти и припадници на единицата и други високи гости.

Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорѓе Иванов 1ви март е одреден за ден на пСО, со традиции на денот кога е формирана првата специјална единица на АРМ, 1-ви март 1994-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП