3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ја разгледува можноста за парично поттикнување за второ дете

Кина ја разгледува можноста за парично поттикнување за второ дете

mom-with-young-daughter

Кина го разгледува воведувањето парични надоместоци или награди за да ги поттикне родителите да имаат второ дете, откако истражувањата покажале дека економските причини многумина ги одвраќаат од желбата да го прошират семејството.

Потенцијалните мерки ги објави Ванг Пеиан, потпретседател на националната комисија за здравје и планирање на семејството на конференцијата за социјална грижа во саботата, пишува во вторникот дневниот весник China Daily.

Стапката на раѓања во минатата 2016 година пораснала на 17,86 милиони, најмногу од 2000 година, откако Кина објави нови насоки кон крајот на 2015 година, дозволувајќи има на родителите да имаат второ дете во екот на сé поголемата загриженоста поради трошоците за поддршката на сé постарата популација.

„Тоа претставува целосно исполнување на исчекувањата, но пречки и натаму постојат. Да се има второ дете е право на секое семејство во Кина, но беспарицата е тесното грло коешто ја поткопува таквата одлука“, рекол Ванг.

Во истражувањето коешто споменатата комисија го спровела во 2015 година, утврдено де дека 60 отсто од семејствата се откажуваат од второ дете поради финансиските причини.

Стапката на раѓање во Кина, е една од најниските во светот, брзо започна да ги загрижува властите и престана да се смета за достигнување, како во времето кога властите во Пекинг стравуваа од пренаселеност.

Кина започна да ја применува „политиката на едно дете“ во 1970-те во согласност со тогашната наредба да се ограничи растот на популација, но властите сега се загрижени дека има сé помалку работна сила нема да може да ја подржи сé повозрасната популација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП