30 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвтини летови кон Малта, Рим и Ваксјо - Виз ер воведува три...

Евтини летови кон Малта, Рим и Ваксјо – Виз ер воведува три нови линии

wizz-air111

Три нови авиолинии од Скопје до – Малта, Рим и Ваксјо (Шведска), како и базирање на четвртиот воздухоплов на авиокомпанијата на скопскиот аеродром, најавија во вторник од Виз ер.

Покрај тоа, Виз ер и ТАВ денеска прославија три милиони патници на авиокомпанијата во Македонија, заедно дочекувајќи го 3 милионитиот патник на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Ширењето на мрежата на рути на Виз ер ќе почне во јули година, кога во исто време со базирањето на 4-от воздухоплов во нивната база во Скопје, почнувајќи од 14. и 16. јули, авиокомпанијата ќе почне да лета од Скопје до трите нови дестинации.

Продажбата на билетите за овие три нови линии почнува денеска, на wizzair.com со цени кои почнуваат од 1.799 денари, додека сите резервации направени на која било од 27-те дестинации достапни од Скопје денеска 28. февруари до полноќ ќе бидат со специјален попуст од 20%*.

„Денешната најава дополнително ја истакнува нашата заложба кон Македонија и посветеноста на Виз ер за носење можности за патување по најниска цена за нашите клиенти, заедно со одличната услуга на Виз ер за време на летовите каде што ја имаме една од најмладите флоти кои што оперираат во Европа. Нашата инвестиција во базата во Скопје со дополнителниот воздухоплов, трите нови линии и зголемените фреквенции на постојните летови, значи повеќе работни места во Македонија и во Виз ер, но и кај нашите бизнис-партнери, и тоа дополнително ќе ги стимулира туристичките и угостителските индустрии и ќе ги зајакне бизнис-односите во Македонија“, рече Овен Џонс, Главен директор за корпоративни прашања на Виз ер.

Покрај новите воведени линии, летовите од Скопје до Ајндховен, Брисел-Шарлероа, Меминген (Минхен Запад) и Копенхаген ќе бидат со зголемени фреквенции до три летови неделно, додека конекциите од Скопје до Гетеборг Ландветер, Братислава и од Охрид до Базел-Милхаус-Фрајбург ќе бидат со зголемени фреквенции до четири летови неделно. Во исто време, популарните летови од Скопје до Малме и Милхаус сега ќе сообраќаат секој ден.

Четвртиот воздухоплов на Виз ер што се приклучува на флотата во базата во Скопје претставува натамошна инвестиција од дополнителни 99 милиони евра од страна на Виз ер во Македонија, притоа отворајќи дополнителни директни работни места, со што вкупниот број на директни вработувања на авиокомпанијата во Скопје ќе достигне 150.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП