8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarbucks доаѓа и во Италија

Starbucks доаѓа и во Италија

baks335

Американскиот синџир „Starbucks“ ќе ги отвори оваа и следната година првите кафулиња во Италија. Освен со брендот „Starbucks“ компанијата ќе стапне во земјата и со луксузната марка „Roastery“, чиј прв објект ќе биде во Милано.

Во оваа година во Италија ќе се појават првите кафулиња под брендот „Starbucks“. Следната година ќе отвори и „Roastery“ – објект со површина 2.370 метри, кој ќе се наоѓа во историската поштенска станица во центарот на градот. Продавницата ќе нуди мали пакети кафе со висок квалитет, како и производи од италијанската компанија за пекари „Rocco Princi“ – ексклузивен снабдувач на храна за сите нови „Roastery“ локации на глобално ниво. Покрај тоа таму ќе се продава и алкохол.

„Доаѓањето во Италија од стратешка точка тоа не е најголемиот пазар во светот. Но, тоа е најважниот пазар за мене лично и за компанијата. Зошто? Затоа што Италијанците се мајстори во кафето многу пред „Starbucks“, вели главниот извршен директор Хауард Шулц.

По отворањето на објектот во Милано италијанскиот лиценциран и бизнис партнер на „Starbucks“ – „Percassi“, ќе отвори мал број други кафулиња во градот во 2018-та година. Компанијата планира и да се прошири на други локации во Италија.

На прашањето колку кафулиња се планирани за Италија како целина Шулц: „Историјата ни покажува дека отвораме помеѓу 10 и 12 кафулиња во првата година и сметам дека тоа е една безбедна бројка“.

Плановите на Шулц, кој се повлекува како извршен директор во април, предвидуваат синџирот да се фокусира во градењето на „Roastery“ – поголеми кафулиња кои нудат поквалитетно кафе и им дозволуваат на своите клиенти да пробуваат различни производи. Менаџерот развива и нов бренд „Reserve“.

„Starbucks“ ја отвори првата локација „Roastery“ во Сиетл во 2014-та година Ова место „се дефинира како Вили Вонка на кафето, а ние ќе го земеме и го направиме уште посилен за Италија“, вели Шулц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП