3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Европската унија нема потреба од „Северен поток 2“

ЕК: Европската унија нема потреба од „Северен поток 2“

sever potok dva335

Оценката на Европската комисија е дека во оваа фаза Европската унија нема потреба од продолжување на гасоводот „Северен поток“. Тоа го рече комесарот за енергетика Мигуел Ариас Канете за време на брифингот по завршувањето на седницата на министрите за енергетика во ЕУ, емитувана во видеосистемот на Европската комисија.

„Северен поток 2“ не е потребен од гледна точка на гарантирањето на енергетската безбедност и конкуренцијата на гасниот пазар, појасни комесарот. Тој додаде дека овој гасовод не е во исполнување на европските приоритети, бидејќи не го диверзификува снабдувањето и може да доведе до доминација на „Газпром“ на пазарот, вклучувајќи и во Германија.

Канете беше категоричен дека „Северен тек“ треба да одговара на законодавството во областа на животната средина, конкуренцијата и единствениот пазар и го цитира претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, дека гасоводите треба да ги обединуваат земјите од ЕУ, а не да ги исклучуваат.

За време на седницата министрите разговарале уште и за напредокот во градењето на Енергетската унија, гаранциите за пристап до гас за сите Европејци, како и за предлозите од неодамна за пакет за чиста енергија, објавена уште од Советот.

Кенете утврди дека за време на седницата била поставена „добра основа“ на дискусијата за изготвување на законодавството во врска со плановите на Комисијата за чистата енергија.

Дискутирани беа уште и енергетските етикети, кои даваат информации на корисниците за параметрите на електричните уреди. Очекувањата се дека во март ќе почне т.н. „триалог“ – меѓу главните европски институции – Советот на ЕУ, Европскиот совет и Европската комисија, за прифаќање на промени во оваа област.

Комесарот за енергетика објави на прес-конференцијата по завршувањето на седницата дека фокусот на министрите бил насочен кон три точки – брзо усвојување на националните климатски планови, имплементирање на правилата и подобра комуникација помеѓу земјите.

Според него што е можно поскоро земјите треба да почнат да работат на своите планови, бидејќи оценките на влијанието на промените и потребните инвестиции за нивно спроведување кои одземаат време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП