3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорд на Dow Jones 12-ти ден по ред

Рекорд на Dow Jones 12-ти ден по ред

wall stre35

На Волстрит во понеделникот цените на акциите благо пораснаа, при што Dow Jones индексот достигна ново рекордно ниво, дванаесетти ден по ред, откако американскиот претседател Доналд Трамо најави голема вест за вложувањата во инфраструктурата.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,08 отсто, на 20.837 поени, додека S&P 500 порасна за 0,10 проценти, на 2.369 поени, а Nasdaq индексот скокна за 0,28 отсто, на 5.861 индексен поен.

Поставувајќи рекорд дванаесетти ден по ред, индексот Dow Jones ја повтори низата од 1987 година, а неговиот понеделнички раст во прв дојде благодарејќи на растот на цените во енергетскиот сектор, за 0,9 отсто, поради растот на цените на нафтата на меѓународните пазари.

Оптимизмот на вложувачите го поддржа и американскиот претседател Доналд Трамп кој покрај „големата“ вест за вложувања во инфраструктурата, најави и „историско“ зголемување на потрошувачката во војската за 9 отсто, како и дека неговата влада брзо ќе ги преземе регулаторните реформи.

Изјавите на Трамп за намалување на даноците, зголемување на фискалната потрошувачка и ублажувањето на регулацијата во поедини сектори, веќе со месеци го поткрепуваат растот на цените на акциите, но досега не беа претставени конкретни планови.

Во вторникот навечер Трамп ќе одржи говор во Конгресот, па вложувачите се надеваат дека ќе ги објави појасните контури на неговите идно економски политики.

„Се надеваме на појасна слика по неговиот говор во Конгресот, што би можело да го поттикне купувањето или продавање на акциите“, вели за Reuters Бак Хелвиг, претседател во фондот „BB&T Wealth Management“.

Благодарејќи на најавата на Тремп за зголемување на буџетските издвојувања за одбраната, во понеделникот пораснаа и цените на акциите на компаниите од одбранбениот сектор, од произведувачите на авиони „Boeing“ и „Lockheed Martin“, до „General Dynamics“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП