21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораките од OPEC ја кренаа цената на нафтата кон 57 долари

Пораките од OPEC ја кренаа цената на нафтата кон 57 долари

naf 00

Цените на нафтата пораснаа во понеделникот на меѓународните пазари кон 57 долари за барел, поткрепени од новите сигнали коишто доаѓаат од Организацијата на земјите извозници на нафта (ОPEC) за ограничување на снабдувањето, додека американските производители и натаму го зголемуваат производството од шкрилци.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 55 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 56,54 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше по 39 центи повисока цена, односно 54,38 долари.

Одвоено OPEC во понеделникот објави дека цената на барелот референтна кошница негова нафта во петокот изнесуваше 53,61 долари, и се намалила за 34 центи во однос на претходниот трговски ден.

Пазарот и натаму ја следи реализацијата на водечките производители од ноември 2016 година, според кој производството во првата половина од годината требаше да биде намалено за 1,8 милиони барели дневно. Минатата седмица, генералниот секретар на OPEC, Мохамед Баркиндо потврди дека веќе во јануари достигна околу 90 отсто од зацртаното намалување.

Во меѓувреме и Ирак и Обединетите Арапски Емирати, кои досега најмногу заостануваа за спроведување на договорот, порачаа дека ќе забрзаат со реализација на зацртаните квоти.

Ваквите настојувања се во сенката на реакцијата на американските производители врз поголемите цени на нафтата. Американскиот компании го зголемија производството од шкрилци, па на крајот од минатата седмица бројот на постројки за црпење нафта во САД достигнал 602, најмногу од октомври 2015 година, извести советодавната компанија „Baker Hughes Inc.“/

Пресметките на Reuters покажуваат, пак, дека во минатите две седмици биле отворени дури 15 нови вакви постројки. Истражувањето на агенцијата на производството објавено кон крајот на седмицава ќе покаже каква ќе биде усогласеноста за февруари.

„Тоа е нешто повеќе од нашите процени дека во првата половината на 2017-та ќе отвораат седум неделно“, напиша стоковниот аналитичар на нордиската банка SEB, Бјарне Шиледроп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП