21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоверителите се враќаат во Атина во потрага по договор

Доверителите се враќаат во Атина во потрага по договор

gre3999

Претставниците на кредиторите на Грција се враќаат денеска и утре во земјата во потрага по договор за ревизија на спроведувањето на третата спасувачка програма за земјата. Ова го потврди портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас за време на брифинг во Брисел.

Тој посочи дека ЕК работи со останатите партнери во договорот за изнаоѓање на решение кое ќе биде од интерес за сите земји.

Во меѓувреме комесарот за економски и монетарни прашања на ЕУ, Пјер Московичи вели во изјавата дека се бара „избалансирано“ решение на овој втор преглед од спасувачката програма на земјата.

„Податоците покажуваат дека Грција се справува добро во последните месеци. Растот се врати во 2016-та година и очекувањата се за остварување на фискалните цели“, вели тој и додава дека Грција ќе успее да се справи со поставената цел за буџетски суфицит од 3,5% од бруто домашниот производ (БДП) во 2018-та година.

Кредиторите на Грција имаат различни позиции токму по исполнувањето на фискалните цели. Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) тие се неостварливи, а долговите се нестабилни. За европските институции, сепак Атина ќе успее да го исполни договореното во спасувачката програма во текот на летото на 2015-та година и не е потребно простување на долговите.

На крајот на минатата недела и агенцијата за кредитен рејтинг „Fitch“ потврди дека Грција се придржува кон забележаното во спасувачката програма, додава „Ројтерс“. Тоа даде причина на агенцијата да го потврди рејтингот на нашиот јужен сосед „- ССС“.

Од „Fitch“ предупредуваат дека довербата во банкарскиот систем на Грција останува кревка.

Агенцијата сепак има позитивни очекувања за растот на грчката економија во оваа и следната година. Според податоците на „Fitch“ оваа година порастот на БДП на земјата ќе биде во рамките на 2,5%, во однос на претходните 1,8%, и во рок од 3% во 2018-та година, во однос на претходната прогноза за економски раст од 2,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП