4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖивотот во Австрија станува се поскап

Животот во Австрија станува се поскап

hoteliavstrija1

Животот во Австрија на почетокот на годината стана значително поскап, откако инфлацијата во јануари се искачи на два проценти и со тоа ја достигна највисоката вредност од јули 2013.

Дневното поскапување поскапело за дури 2,3 проценти, а причина за тоа беа поскапувањата во сообраќајот, рестораните и хотелите, но и кириите.

Без поскапување на нафтените деривати инфлацијата би изнесувала 1,5 проценти.

Во споредба со јануари минатата година поевтини биле единствено мобилните телефони, интернетот, но и цената на гасот и струјата, како и трошоците за доктор.

На друга страна нафтените деривати поскапеле на почетокот на годината за 14,3 проценти, поправките на автомобилите за 3,7 проценти.

Кога станува збор за кириите, тие пораснале за 4,3 проценти, одржувањето на стан во просек за 1,4 проценти.

Исто така и рестораните и хотелите поскапеле за три проценти.

Намирниците поскапеле за 1,8 проценти, месото за 1,7 проценти, зеленчукот за 2,3 проценти, а млекото за 0,4 проценти.

Нивото на цените на микро-потрошувачката кошница, која го отсликува секојдневното купување, е зголемено за 2,3 проценти.

Мини потрошувачката кошница, која го прикажува неделното купување, поскапела за 3,8 проценти.

Инфлацијата од два проценти се наоѓа јасно над договорот за зголемување на платите врз основа на колективните договори кои се договорени за раст меѓу 1,3 и 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП