9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе сме сите родени за да бидеме шефови

Не сме сите родени за да бидеме шефови

Fotolia_57541445_S-e1417301462219

Научните истражувања покажуваат дека не може секој да биде шеф. Менаџерот мора да има одредени квалитети, а ако ги нема, во работното опкружување настануваат проблеми. На крајот, и работните резултати се лоши.

Кога разговараат за работа, луѓето најчесто се жалат на својот шеф. Кој може да биде добар шеф? Кои квалитети мора да ги има? Одговорите на ова прашање ги понуди науката.

1. Истражувањата покажуваат дека добрите шефови избегнуваат претерана асертивност, но и претерана пасивност. Најдобрите менаџери на своите работници им даваат поддршка и не го ставаат нагласокот на контролата. Рамнотежата меѓу строгоста и љубезноста е важна.

2. Добар шеф, покажуваат истражувањата, мора да знае што ги мотивира неговите луѓе. Наместо приговори, добриот шеф би требало да знае да ги пофали луѓето и секогаш да се осврне на нивната работа. Нормално дека критиките се дозволени, но само ако се конструктивни. Навредите и викањето не носат резултати.

3. Неодамнешно истражување покажа дека за менаџерот е најважно да има социјални вештини. Со други зборови, добар шеф е оној кој знае да разговара со луѓето, кој ги почитува и кој е љубезен во однесувањето. На таквите шефови вработените повеќе им веруваат и попродуктивни се на работа.

4. Можеби ова ќе ве изненади, но задачата на шефот е да ги направи вработените среќни. Тоа значи дека мора да создаде добра атмосфера за работа. Тие кои го прават ова имаат подобри деловни резултати, а тоа го докажале неколку научни истражувања.

5. Добриот шеф, покажуваат истражувањата, често зборува со своите вработени. Неговата комуникација е отворена и искрена. Кога мора да соопшти некоја лоша вест, тоа го прави на сочувствителен начин. Не заборава да каже „фала“ и му дозволува на работникот да го каже своето мислење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП