6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа крајот од трговската седмица динамичен ден на МСЕ

На крајот од трговската седмица динамичен ден на МСЕ

berza-25533

Вкупен промет од 18,8 милиони денари реализиран преку 76 трансакции е билансот од петочното тргување на Mакедонската берза.

Промет од над милион денари имаше со акциите на Прилепска Пиварница Прилеп (7,16 милиони), Обврзниците за денационализација од тринаесеттата емисија (2,3 милиони), Комерцијална Банка АД (2 милиони) и Реплек АД Скопје (1,96 милиони) .

Управниот одбор на РЕПЛЕК АД Скопје, објави повик до акционерите на Друштвото за учество на Годишно собрание.

Акцијата на Охридска банка вчера заврши со пад на вредноста од 1,97 отсто.

Најголем поединечен раст на цената имаше со акција на Стопанска банка приоритетни АД Скопје каде со истргувани само 116 акции цената порасна за 2,99% и достигна вредност од 723 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП