1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција планира данок на имот во согласност со приходите на сопственикот

Грција планира данок на имот во согласност со приходите на сопственикот

atina v3

По 2018-та година даноците на имотите во Грција може да бидат определени не само според нивната вредност, туку и во зависност од приходите на нивните сопственици.

Идејата се разгледува од страна на владата и ако биде одобрена, ќе значи со 1 милијарда евра помалку приходи од даноците на живеалиштата годишно. Досега во благајна по оваа ставка влегуваат околу 2,6 милијарди евра годишно.

Според Владата, сепак вредноста на станот и приходите на сопственикот даваат комплетната слика за социјалниот статус на луѓето и нивната можност да платат даноци.

Новиот данок ќе биде внесен во посебен пакет мерки за даночни олеснувања, кои ќе бидат преземени, ако Грција ги извршува своите фискални цели по крајот на третата спасувачка програма.

Целта на промената е да се компензираат дел од економиите кои ги поднесуваат вработените Грци, пензионерите и земјоделците, поради барањата на доверителите на земјата.

Владата се подготвува да го вклучи овој нов данок во преговорите со меѓународните институции, кога ќе се вратат во Атина. Очекувањата се дека тоа ќе се случи во текот на следната недела.

Едно од барањата на доверителите на нашиот јужен сосед е отстранување на даночните олеснувања при воведување на данок на доход за поединци и корпоративните даноци.

Ако Атина успее да ја протурка идејата, новиот данок ќе биде воведен од октомври 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП