20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрадиционалната храна, недопрената природа и авантурите на Саем во Рамстор

Традиционалната храна, недопрената природа и авантурите на Саем во Рамстор

saemramstor33

Во трговскиот центар Рамстор во Скопје, во петок, почна дводневниот саем за традиционална храна и активен туризам „Ис(в)куси ја Македонија“. Саемот е организиран од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и Локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион.

„Денешниот саем е последната активност на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси. Бизнисите кои ги поддржуваме и се денес тука како изложувачи го нудат најдоброто од руралните предели на Македонија во Скопје – традиционалната храна, недопрената природа и авантурите кои таа ги овозможува“, изјави директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стаин.

За посетителите, саемот е прилика за запознавање на руралните предели од Македонија преку нивната храна, природа, култура и авантури. За малите бизниси кои ќе ги изложуваат своите услуги и производи, овој саем е можност за пристапување до поширок пазар и за зголемување на продажбата.

„Владата на Швајцарија го поддржува развојот на малите бизниси во Македонија кои работат во руралните области од 2012 со тоа што им помагаме да ги развијат нивните производи и да добијат пристап до повеќе потрошувачи преку вакви саеми“, додаде амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Техада.

Во делот за традиционална храна ќе се нудат преку 30 производи од рурална Македонија кои се ретко достапни во Скопје – крушевски локум, органски велешки мед, традиционални зачини, вина од мали тиквешки винарии и многу други. Во делот за активен туризам по намалени цени ќе се нудат преку 30 активни тури низ цела Македонија – посети на Кокино, тандем параглајдинг во Крушево, јавање коњи во Галичник, планински велосипедизам во Мариово и многу повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП