12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа 40-тиот роденден „Т’га за југ“ добива нов изглед

За 40-тиот роденден „Т’га за југ“ добива нов изглед

tga

Македонското црвено вино „Т’га за југ“, кое годинава слави 40 години од своето постоење на пазарот, јубилејот ќе го одбележи со нов изглед.

Како што најавија од Винарската визба „Тиквеш“, освен со новата етикета, виното „Т’га за југ“ е веќе достапно и во т.н. „bag in box“ пакување од три литри кое овозможува заштита на виното од оксидација долго по отворањето.

Винаријата најави и проширување на оваа линија на вино, со бела „Т’га за југ“ како и „Т’га за југ“ зреена во дабови, барик буриња.

Минатата година на пазарот пласирани се вкупно 541.441 литри од виното „Т’га за југ“, во вредност од над 1,8 милиони евра. Половина од овие количини на домашниот пазар, додека останатиот дел се пласира на пазарите во регионот. Во изминатите четири децении од првото појавување на „Т’га за југ“ на пазарот, досега се произведени 11,2 милиони литри од ова вино.

„Т’га за југ“ е вино со приказна. Неговото создавањето во 1973 година кореспондира со почетоците на Струшките вечери на поезијата, а името го добило по истоимената елегиската песна на Константин Миладинов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП