1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил увезува кафе за прв пат во својата историја

Бразил увезува кафе за прв пат во својата историја

kafe30033

За прв пат во својата историја Бразил – најголемиот производител и извозник на кафе во светот, ќе увезува од овој ароматизиран пијалок.

Државата има постигнато договор со Виетнам за увозот на 1 милион вреќи од 60 килограми кафе од сортата „Робуста“. Токму таа, заедно со „Арабика“, се најчестите видови во светот.

Со увезеното кафе земјата ќе ја задоволи внатрешната пробарувачка. Увозот ќе биде ограничен до 250.000 вреќи месечно за периодот од февруари до мај.

Поради сушата во областите каде се одгледува кафе во Бразил, жетвата од сортата „Робуста“ е мала. Ова доведе до раст на цените од околу 15 проценти во последните 12 месеци, според бразилските власти.

Во државата Еспирину Санту во 2016-та година се произведени 8 милиони вреќи кафе „Робуста“ – тоа е 30% помалку од претходната година.

За сметка на тоа жетвата од сортата „Арабика“ е рекордна. Во просек Бразил произведува околу 56 милиони вреќи кафе од различни сорти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП