27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го загуби спорот со СТО, отворена рампата за свинското месо од...

Русија го загуби спорот со СТО, отворена рампата за свинското месо од ЕУ

17322350_303

Русија го загуби спорот со Светската трговска организација (СТО) во жалбената постапка на пресудата поврзана за нејзината забрана за увоз на свинско месо од ЕУ.

Русија воведе забрана за увоз на свињи и свинско месо откако беа откриени неколку случаи на африканска свинска куга во некои области на ЕУ во 2014 година, повикувајќи се на санитарните и фитосанитарните мерки кои се дозволени со правилата на СТО.

Судскиот совет на СТО во август 2016 година донесе пресуда против руската забрана, по што Москва се жалеше на таа одлука, но жалбеното тело на светската организација денес ја потврди претходната пресуда во корист на ЕУ, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП