28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер ќе ја промовира идејата за ЕУ „во различни брзини“

Јункер ќе ја промовира идејата за ЕУ „во различни брзини“

Juncker-at-Louvain-La-Neuve-800x450

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави во четвртокот вечерта дека Европската унија (ЕУ) би требало да им олесни на своите членки да ги продлабочат своите интеграции во некои области без тоа да се очекува од сите држави.

Извршниот челник на Европската унија, како претседател на Европската комисија, долгогодишниот поранешен луксембуршки премиер и челник на еврогрупата, Жан-Клод Јункер, своите предлози ќе ги изнесе во документот кој ќе го објави следната седмица, откри во говорот пред белгиските студенти во градот Ловен-ла-Нев.

Идејата за ЕУ во „различни брзини“ веќе долго време е предмет на жестоки расправи. Откако Велика Британија на 23-ти јуни 2016 година преку референдум одлучи да истапи од Европската унија, некои влади изразија намери за продлабочување на поделениот суверенитет, за ЕУ да стане поефикасна, додека другите тврдат дека британското излегување и растот на популарноста на националистичките партии ширум ЕУ докажува дека на Европејците не им се допаѓа таа идеја.

„Ова веќе не е време во коешто можеме да замислиме дека сите заедно ја правиме истата работа. Нели би требало да биде така што оние кои сакаат забрзано да одат напред да можат да го сторат тоа без да ги вознемируваат другите, така што ќе создадат поструктурирана рамка, која е отворена за сите? Тоа ќе го аргументирам следните денови“, изјави Јункер.

Германската канцеларка Ангела Меркел пред три седмици го изнесе предвидувањето за Европската унија „во различни брзини“, што ги одушеви италијанските организатори на самитот во Рим каде што на 25-ти март ќе биде одбележан зародишот на идејата за обединетата Европа. Меѓутоа, другите членки, претежно посиромашните поранешни комунистички земји од централните и источните делови на континентот, стравуваат дека таа идеја ќе внесе поделби и дека таа ќе претставува ризик за нивното зголемување.

Некои тврдат дека сегашните правила на ЕУ веќе овозможуваат засилена соработка меѓу некои држави. Пример за тоа е еврозоната во којашто учествуваат 19 од моментално 28-те членки, но постојат и други. Јункер истакна дека една од областа во којашто членките сакаат да ја забрзаат соработката е заедничката одбрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП