29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес без струја делови од населби во неколку скопски општини

Денес без струја делови од населби во неколку скопски општини

poeftina-struja

Поради технички зафати во електромрежата, во петок, 24-ти февруари, од 08:30 до 11:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисници од дел од улицата „Дрезденска и Алжирска“ во општина Карпош, а од 08:30 до 11:30 часот, корисници од делови од улиците „Аминта Трети“ и „Никола Тримпаре“ во општина Центар, информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Во петокот, исто така, од 9 до 12 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, односно објектите во близина на Интернационалното училиште Нова, во општина Карпош, а од 9 до 14 часот, корисниците од дел од улицата „10“ во населбата Сарај, како и корисниците од дел од улиците „Брсјачка Буна“ во општина Шуто Оризари.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во петок од 9 до 15 часот е највено и за корисниците од улицата „Дренак“, улицата „367“, дел од улицата „Невена Ѓоргиева Дуња“ и дел од улицата „Балзакова“ во општина Кисела Вода, а од 13 до 14 часот, корисниците од дел од улиците „Доситеј Обрадовиќ“, „Дино Петров“, дел од улиците „Димо Хаџи Димов“, „Мишко Михајловски“ и „Тоне Томшиќ“, исто така, во општина Кисела Вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП