25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија има постигнато рекорден буџетски суфицит во 2016-та

Германија има постигнато рекорден буџетски суфицит во 2016-та

germ3994

Германија има постигнато рекорден буџетски суфицит во 2016-та година во износ од 23,7 милијарди евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика „Destatis“.

Само федералната влада формирала 7,7 милијарди евра од вишокот.

Од „Destatis“ забележуваат дека вишокот во минатата година е најголем од обединувањето на Источна и Западна Германија во 1990-та година. За трета година по ред буџетот на земјата е во плус.

Вишокот е еднаков на 0,8 отсто од бруто домашниот производ на Германија. Минатиот месец статистичката служба пресмета вишок од 0,6 отсто. Зголемувањето се објаснува со посилниот економскиот раст и ниската невработеност.

Големината на германскиот суфицит одамна е „јаболко“ на раздорот меѓу Германија и нејзините сојузници во Европската унија, кои би сакале Берлин да троши повеќе за инфраструктура или инвестиции во странство, со надеж да заживее економијата на еврозоната и да помогне во земјите кои имаат финансиски тешкотии.

Германија сепак се воздржа, делумно поради културата на избегнување на долговите, за кои добила и законски карактер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП