6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе пари за повеќе сложени операции на детска хирургија

Повеќе пари за повеќе сложени операции на детска хирургија

detska hirurgija33

Фондот за здравствено осигурување во 2017 година обезбеди вкупен буџет за Универзитетска клиника за детска хирургија од 133 милиони денари, што споредено со 2012 година, кога буџетот на детска хирургија изнесуваше 65 милиони денари, значи зголемување за повеќе од двапати.

Во 2016 биле оперирани и хосплитализирани 1.870 пациенти на детска хирургија, а тимовите на оваа клиника оперираат и изведуваат хируршки интервенции кои се од година на година се посложени и покомплексни.

Голем придонес за комплексноста на операциите и зголемувањето на буџетот на детска хирургија се должи на кардиохируршките операции на деца и трансплантации на бубрези на деца, кои тимот на лекари ги изведува изминативе неколку години. Имено, покрај кардиохирургијата, на Клиниката се изведуваат и трансплантации на бубрези на деца за кои Фондот одвои посебен условен буџет.

Кажано во бројки, во 2013 година биле извршени 30 кардиохируршки операции, во 2016 година – 52 операции, додека во 2017 година се планираат 60 кардиохируршки операции на деца. Треба да се напомене и дека најголем број од овие кардиохируршки операции се однесуваат на новороденчиња.

Воведувањето на ваквиот вид комплексни современи операции во Македонија, резултира со неколкукратен бенефит, не само за државните институции, туку и за здравството во целост.

Во 2017 година, Фондот за здравствено осигурување со ЈЗУ Универзитетска клиника за детска хирургија утврди вкупен буџет во вкупен износ од 132.900.000 денари. Условниот буџет е наменет за стимулирање на дефицитарни здравствени услуги, како и на нови здравствени услуги и нови современи методи на лекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП