
Рускиот производител на автомобили Автоваз започна со продажба на новата „лада“ на германскиот пазар.


Рускиот производител на автомобили Автоваз започна со продажба на новата „лада“ на германскиот пазар.
„Моментално повеќе од 200 автомобили се извезуваат во Германија. Почетната цена е околу 12.500 евра за модел со рачен менувач, додека автоматикот ќе чини 13.300 евра“, соопштија од Автоваз.
Овој модел на „лада“ е посебно опремен за потребите на германскиот пазар.
Автомобилот е долг 4,410 мм, широк 1,764 мм, а висок 1,497 мм.
Меѓуосовинското растојание од 2,635 мм гарантира комфорт на патниците кои се превезуваат на задните седишта.
Менувачот е петтостепен, позајмен од Рено.