9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа развој на туризмот повеќе чартер летови меѓу Македонија и Египет

За развој на туризмот повеќе чартер летови меѓу Македонија и Египет

avioni h222

Поврзување на Македонија со Египет со чартер летови би придонело за зголемување на бројот на туристи во двете земји, беше речено на денешниот состанок на министерот за економија Дритон Кучи со делегација од Египет, предводена од Амбасадорката на Египет во Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. Манал Џеина Ел Шинави.

Во рамки на делегацијата беше и шефот за трговија на Египет за Источна Европа, со седиште во Букурешт-Романија, Абдел Рахман Рауф и политичкиот советник Мохамед Мохсен Амин.

На средбата министерот Кучи и амбасадорката Ел Шинави разговараа за можностите за соработка меѓу двете држави во сферата на туризмот, енергетиката, трговијата и минералните суровини.

Министерот Кучи ја информира египетската делегација за туристичките потенцијали на нашата земја, за одличните услови кои Македонија ги нуди за странските инвеститори, за енергетските проекти во кои би можеле да се приклучат и египетски компании.

Амбасадорката Ел Шинави истакна дека Македонија во Египет е позната како прекрасна земја со многу убави места за туристички посети. На состанокот стана збор за можноста за поврзување на двете земји со чартер летови, што секако би придонело за зголемување на бројот на туристи во двете земји.

Двајцата соговорници се согласија дека треба да се организираат што повеќе средби меѓу компаниите и туроператорите, а во двете земји да се промовираат туристичките капацитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП