5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈЗУ Здравствен Дом на Скопје доби холандска помош

ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје доби холандска помош

кире-пе

Медицинската опрема и материјали донирани од Кралството Холандија по поплавите во Скопје и неговата околина во соработка со Министерството за здравство, а со одлука на Влада на Р.Македонија е доделена на трајно користење на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје.

Сетовите за итна медицинска помош – 240 сета за возрасни, 27 сета за деца, 76 апарати за мерење на крвниот притисок и разни видови на потрошен санитетски материјал (гази и завои), разни видови на имобилизатори и шанцови кравати, како и други помагала за потребите на Итната медицинска помош беа распределени во базата и деветте пункта на службата.

Холандскиот Амбасадор, Ваутер Пломп, истакна дека Кралството Холандија како долгогодишен пријател на Македонија континуирано обезбедува поддршка за државата во многу области, вклучувајќи го и здравствениот сектор. Тој воедно изрази задоволство што хуманитарната помош во износ од преку 500.000 евра која беше испратена по поплавите во авуст 2016 година е распределена во здравствените установи кои се директно одговорни за обезбедување на итна медицинска помош на граѓаните на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП