Компанијата „Dacia“ претстави крос-верзија на караванот „Logan MCV“. Таа добила додаток „Stepway“ кон своето име, а ќе дебитира пред публиката за време на автосаемот во Женева на почетокот на март.
Новата модификација на „Logan“ е опремена со дополнителна заштита на каросеријата и браниците, како и нови светла за магла. Патното тло на верзијата „Stepway“ е зголемено за 50 mm во споредба со стандардниот караван „Logan“ и веќе достигнува 174 мм.
На пазарите во Европа новиот „Dacia Logan MCV Stepway“ ќе се нуди со 1,0-литарски бензински и дизел мотори со 3 цилиндри кои развиваат 90 КС. Менувачите се мануелни или автоматски „Easy-R“.
Во зависност од нивото на опрема возилото може да располага со мултимедијален систем со екран на допир и навигација, камера за рикверц, парктроник и систем за тргнување на нагорнина.

Со новата верзија на „Logan MCV“ серијата „Stepway“ на романскиот производител се зголеми на 4 модели, а во неа се вклучени „теренец“ со модификации на хечбекот „Sandеro“ и компактните „Dokker“ и „Lodgy“.