1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит Dow Jones достигна ново рекордно ниво

На Волстрит Dow Jones достигна ново рекордно ниво

wall-street-binary-options

На Волстрит во средата индексот S&P 500 благо падна, бидејќи вложувачите се претпазливи поради можното зголемување на каматите на американската централна банка Federal Reserve (Fed), додека Dow Jones достигна ново рекордно ниво деветти ден со ред.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,16 отсто, на 20.775 поени, додека S&P 500 индексот се лизна за 0,11 проценти, на 2.362 поени, а Nasdaq индексот за 0,09 отсто, на 5.860 индексни поени.

Новото рекордно ниво на Dow Jones во прв ред дојде благодарејќи на скокот на цените на акциите на „DuPont“ за 3,4 отсто, по вестите дека регулаторите на Европската унија ќе го одобрат спојувањето на овој индустриски гигант со „Dow Chemical“, вредно 130 милијарди долари. Акцијата на Dow Jones поскапи за 4 отсто.

Од друга страна, пак, индексот S&P 500 благо се лизна од рекордните нивоа, најмногу како последица на падот на цените на акциите во енергетскиот сектор за 1,6 отсто поради падот на цените на нафтата.

Сите индекси на Волстрит се движат околу највисоките нивоа во историјата, бидејќи вложувачите се оптимистични во врска со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на даноците, зголемувањето на фискалната потрошувачка и олабавувањето на регулациите во поедини сектори. Од почетокот на ноември, кога Трамп победи на изборите, S&P 500 индексот порасна за повеќе од 10 отсто.

Но доколку најавените политики на Трамп може да го забрзаат растот на американската економија, исто така, би можеле и да влијаат врз инфлацијата, а тоа, пак, би можело да ја наведе американската централна банка на забрзување на темпото на зголемување на каматите.

Во средата објавениот записник од неодамнешната седница покажува дека челниците на Fed сметаат дека би било согласно наскоро да се зголеми центата на парите. Така, сега на пазарот се проценува дека постојат 27 отсто шанси Fed да ги зголеми каматите уште на седница во март, а 53 отсто дека тоа може да го стори во мај.

И додека можноста за зголемувањето на каматите го држи вложувачите на претпазливост, поддршката на пазарите им дава добрата сезона на кварталните деловни извештаи во која повеќето компании известија за поголема добивка отколку што се очекуваше.

Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека добивката на компаниите од составот на S&P 500 индексот во последниот лански квартал во просек била повисока за 7,6 отсто во однос на истиот период медна година претходно. Тоа е најголемиот раст на заработките од третото тримесечје во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП