19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple го отвора новото седиште, 12.000 вработени ќе бидат преместени

Apple го отвора новото седиште, 12.000 вработени ќе бидат преместени

The Apple Campus 2 is seen under construction in Cupertino, California in this aerial photo taken January 13, 2017. REUTERS/Noah Berger

Компанијата „Apple“ планира во април да го отвори своето ново седиште вредно пет милијарди долари, иако работата не е завршена.

„Apple“ во април ќе започне со преместување на своите 12.000 вработени од седиштето во Купертино, Калифорнија, а тој процес ќе трае шест месеци.

За тој период изградбата и уредувањето на средината ќе продолжат.

Новиот кампус на „Apple“ официјално се нарекува „Apple Park“ и се простира на површина од 708.200 квадратни метри.

Починатиот директор на „Apple“, Стив Џобс го спореди новото седиште со вселенски брод кога ја предложи неговата изградба на Советот на Купертино во 2011-та.

Неговиот интерес за дизајн влијаеше на изгледот на зградата. Џобс почина во октомври 2011-та, а во негова чест е изграден амфитеатар со 1.000 седишта кој се нарекува „Steve Jobs Teatar“.

Тој е сместен на врв на eден рид, односно на една од највисоките точки во кампусот.

Соларниот покрив од 17 мегавати ќе биде еден од најголемите во светот, а самата зграда е најголемата во светот со природна вентилација. Поради дизајнот нема да биде потребно греење, ниту ладење во текот на девет месеци од годината.

„Apple Park“ ќе има 9.000 стебла и шеталиште долго 3 километри, а вработените ќе можат да вежбаат во теретани.

Покрај тоа што „Apple“ многу води сметка за приватноста, одредени делови од кампусот, кафулиња и центарот за посетители со „Apple“ продавница ќе бидат достапни за јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП