1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТотален пресврт во Грција од 2018-та

Тотален пресврт во Грција од 2018-та

grcija-kriza-pari

Шефот на фондот на ЕУ за исплата на финансиска помош Клус Реглинг изјави дека на Грција од 2018 година нема да и биде потребна поддршка по завршувањето на aктуелната програма.

„Ако таа земја добро ги искористи следните 18 месеци, уверен сум дека третиот пакет помош ќе биде последен за Грција“, изјави Реглинг, кој е и шеф на Европскиот стабилизационен механиам.

Тој наведе дека Грција остварила напредок и дека верува дека Атина од 2018 година ќе може сама да доаѓа до средства на пазарот.

Грција во 2015 година потпиша договор за добивање на третиот пакет помош во износ од 86 милијарди евра. Средствата се уплатуваат во повеќе транши во замена за спроведување на реформи.

Новата транша во моментов е блокирана додека траат преговорите меѓу Атина и кредиторите поради што се појави згариженост дека таа земја би можела да излезе од еврозоната.

Властите во Атина се согласија на почетокот на неделата да преговараат со ЕУ и ММФ за новите реформи.

На Грција во најбрзо време и е потребно да прими седум милијарди евра за да би можела да ги отплати долговите или би можела да банкротира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП