2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот ја „брка“ највисоката вредност на сите времиња

Биткоинот ја „брка“ највисоката вредност на сите времиња

biti3003

Цената на криптовалутата биткоин скокна со нови 1,5%, достигнувајќи 1.123 долари по вчерашната сесија во САД. Ова е деветта последователна сесија, во која биткоинот предвидува зголемување во цената.

Така, откако во вчерашниот ден биткоинот поскапе со 16 долари во апсолутна вредност, криптовалутата дава до знаење дека може да ја подобри највисоката цена која е постигната некогаш, имено – 1.161.88 долари.

Ова зајакнување во цената на биткоинот доаѓа во позадина на шпекулациите дека Комисијата за хартии од вредност и берзи во САД ќе одобри најмалку еден од трите предложени фондови кои планираат да се фокусираат на трговијата со криптовалутата.

Шпекулациите одат покрај очекувањата на аналитичарите дека комисијата нема да даде одобрение и на трите фондови.

Цената на криптовалутата скокна со повеќе од 40% во однос на најниско ниво, што удри во јануари оваа година. Зголемувањето доаѓа и покрај лошите вести за биткоин инвеститорите кои доаѓаат од Кина, кое планира да создаде пречки во трговијата со криптовалути.

Најголемата кинеска берза ќе почне да ја наплаќа секоја трансакција со надомест во износ од 0,2%, а освен тоа другите две од најголемите биткоин берзи во земјата ја блокираа можноста на инвеститорите да ги повлекуваат своите средства. На годишна основа цената на криптовалутата предвиде раст од 18%.

Биткоинот е најпознатата криптовалута во светот и основоположник на „P2P“ платниот систем, кој по својата природа е уникатен нерегулиран платежен канал.

Токму тоа предизвикува низа сомнежи околу криптовалутите уште од нивното основање во 2009-та година. Стравувањата на регулаторите и инвеститорите се дека платниот систем може да се користи за матни зделки, поради високото ниво на анонимност.

Освен тоа, во кратката историја, криптовалутите веќе можат да се „пофалат“ со неколку крахови на светски специјализираните берзи кои одвлекоа приличен број на инвеститори. Сепак „Bitcoin“ заедницата не ја пренесува довербата во криптовалутите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП