28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД први потпишаа - се ќе биде поевтино за 14 %

САД први потпишаа – се ќе биде поевтино за 14 %

49967395358ae9c885c28c204874556_w640

Светската трговска организација (СТО) соопшти дека првиот мултилатерален трговски договор кој таа организација го постигна од своето основање стапи на сила.

Неговата цел е унапредување на прекуграничната трговија и намалување на нејзините трошоци, особено во корист на земјите во развој.

Генералниот директор на СТО, Роберто Азеведо изјави дека договорот го ратификувале потребните две третини од државите членки.

Азеведо изјави дека се проценува дека со полната примена на договорите ќе бидат намалени трошоците за трговија на глобалното ниво за повеќе од 14 проценти во просек.

По повод можната протекционистичка политика на претседателот на САД Доналд Трамп, Азеведо изјави дека не разговарал нити со еден официјален претставник од американската администрација за трговија, но потсети дека САД меѓу првите го потпишале договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП