1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОБСЕ: Во Албанија кружат две милијарди евра валкани пари

ОБСЕ: Во Албанија кружат две милијарди евра валкани пари

evra0044

Амбасадорот на ОБСЕ во Албанија Бернд Борчардт изјави дека во Албанија кружат две милијарди евра валкани пари заработени од производство и трговија со дроги.

Борчардт во интервју за албанската телевизија ,,ORA NEWS,, рече дека овие нечесни пари можат да влијаат и врз парламентарните избори во Албанија кои ќе се одржат на 18 јуни, за купување на пратеници.

Токму поради овие прилики ОБСЕ бара промени во изборниот закон со цел да се оневозможи купување на гласови и пратеници.

Според ОБСЕ, позитивно е тоа што проблемот со дрогата од типот „канабис сатива“ сега е проблем како на власта, така и на опозицијата.

„За ОБСЕ протестите на опозицијата се легитимни, но бојкотот на Собранието не е дозволен“, рече амбасадорот Борчардт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП