
Министерот Пиштар Лутфиу се сретна со техничкиот директор на меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена (ИАЕА), Јинг Жанг.


Министерот Пиштар Лутфиу се сретна со техничкиот директор на меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена (ИАЕА), Јинг Жанг.
Во текот на средбата, министерот Лутфиу и Жанг разговараа за соработката помеѓу ИАЕА и Владата на Република Македонија, при што министерот Лутфиу му се заблагодари на директорот за досегашната финансиска поддршка за реализирање на проектите од областа на развојот на човечките ресурси и за инфраструктурните проекти во областа на нуклеарната заштита и безбедност.
Министерот Лутфиу, исто така му се заблагодари на директорот и за поддршката на 4 нови проекти од Република Македонија кои исто така се наоѓаат во листата на финансиска поддршка за 2018-2019 година.
Проектите кои ќе бидат финансирани се од областа на нуклеарната медицина и од областа на животната средина и радиоактивното следење.