1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Европската унија се забрза до 1,7% во јануари

Инфлацијата во Европската унија се забрза до 1,7% во јануари

infla eu 022

Инфлацијата во Европската унија во јануари се забрза до 1,7% на годишна основа во однос на 0,3% за истиот период во минатата година, покажуваат последните податоци на „Евростат“. Забрзување има и спрема декември, кога инфлацијата била на ниво од 1,2%.

Индексот на потрошувачките цени во еврозоната за јануари исто така се зголемува – до 1,8% од 0,3% во јануари 2016-та година на месечна основа забрзувањето е 0,7 процентни поени.

Најслабо забрзување на инфлацијата во јануари е забележано во Ирска (0,2%), Романија (0,3%) и Бугарија (0,4%). Најбрзо е забрзувањето во Белгија (3,1%), Летонија и Шпанија (по 2,9%) и Естонија (2,8%).

Спрема декември 2016-та година инфлацијата се забавува само во две земји членки и се забрзува во останатите 26.

Најголем пораст во влијанието врз инфлацијата во еврозоната имале горивата за транспорт (+0,5 процентни поени), како и горивата за греење и зеленчукот (по +0,14 процентни поени). Во надолна линија пак се телекомуникациите (-0,09 процентни поени), гасот (-0,08 процентни поени) и лебот и житните производи (-0,05 процентни поени).

infla eu 023

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП