10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаспишан тендерот за реконструкција на градскиот стадион во Прилеп

Распишан тендерот за реконструкција на градскиот стадион во Прилеп

tret

Во тек е тендерската постапка за „Реконструкција со доградба на градскиот стадион Гоце Делчев“ во Прилеп.

За оваа намена Општина Прилеп издвои 30 милиони денари од буџетот на локалната самоуправа за 2017 година.

Со овој тендер предвидено е покривање и реконструкција на северната трибина на стадионот.

Сите заинтересирани економски оператори се молат своите понуди за овој договор за јавна набавка да ги достават најдоцна до 07.03.2017 година до 10 часот и тоа исклучиво преку ЕСЈН ( www.e-nabavki.gov.mk).

Инаку во тек е реконструкција на теренот на стадионот, каде се поставува нов дренажен систем и автоматско наводнување според стандардите на УЕФА. Овој дел од реконструкцијата се изведува согласно договорот од програмата „ХЕТ-ТРИК 4“ која е донација од УЕФА, а се реализира преку ФФМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП