1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит нови рекорди, вложувачите оптимистични

На Волстрит нови рекорди, вложувачите оптимистични

image-volstrit

На њујоршки Волстрит берзанските индекси во вторникот достигнаа нови рекордни нивоа, благодарејќи на добрите деловни резултати на најголемите американски трговски синџири и оптимизмот на вложувачите поради најавеното намалување на даноците.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,58 отсто, на 20.743 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,60 проценти, на 2.365 поени, а Nasdaq индексот скокна 0,47 проценти, на 5.865 индексни поени.

Нови рекордни нивоа на индексите се благодарејќи на подемот на цените во сите 11 најважни сектори од составот на S&P 500 индексот, а меѓу најголемите добитници беа акциите на трговските синџири. Така цената на „Wal-Mart“ скокна за 3 отсто, откако најголемиот светски трговски синџир извести за подобрите од очекуваните деловни резултати во четвртиот лански квартал. Од истата причина акциите на „Home Depot“ поскапеа за 1,4 отсто.

Сезоната објавување кварталните делови резултати се ближи на крајот, а повеќето компании известија за поголема добивка отколку што се очекуваше. Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека добивките на компаниите од составот S&P 500 индекси во последниот лански квартал во просек била поголема за 7,5 отсто во однос на истиот период една година претходно. Тоа е најголемиот раст на заработките од третиот квартал 2014 година.

„Сезоната на заработките биеше подобра отколку што се очекуваше, а мислам дека вложувачите токму и на тоа се надеваа, дека заработките на компаниите ги оправдуваат високите цени на кациите“, вели Петер Коста, претседател во компанијата „Empire Executions“.

Оптимизмот на вложувачите е благодарејќи и на сигналите за забрзување на растот на американската економија, како и најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги намали даноците, ќе ја зголеми фискалната потрошувачка и ќе ги олабави регулациите во некои сектори. Од почетокот на ноември, кога Трамп победи на изборите, S&P 500 индексни порасна за повеќе од 10 отсто.

„Минатата седмица во еден период вложувачите беа загрижени поради можното отстапување на владата на Трамп од ветените економски планови. Но таа загриженост спласна. Доколку Трамп го спроведе најавените планови, мислам дека вложувачите позитивно ќе реагираат“, вели Рик Меклер, претседател на компанијата „ LibertyView Capital Management“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП