10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSunWireless потпиша договор за соработка со Хотел Гранит од Охрид

SunWireless потпиша договор за соработка со Хотел Гранит од Охрид

hotel Granit - Ohrid

SunWireless на задоволство на своите корисници објавува дека од пред неколку дена е потпишан договор со еден од најдобрите хотели во Охрид и Македонија – Хотел “Гранит“ каде одсега ќе биде овозможен првокласен сервис на безжичен интернет од најголемиот македонски Wi-Fi провајдер.

 – Големо задоволство ни е што добивме шанса нашиот сервис да го направиме достапен и за гостите во хотел од високо реноме каков што несомнено е и “Гранит“,  па максимално ќе се потрудиме да ја оправдаме довербата и да ги задоволиме потребите и очекувањата на сите гости и посетители на хотелот – изјави Весна Стојановска од менаџерскиот тим на SunWireless.

SunWireless при-пејд картичките ќе може да се купат на самата рецепција во хотелот и со нив гостите добиваат брз и стабилен Wi-Fi интернет низ целиот хотел, околните плажи, на многу локации низ Охрид како и во сите останати над 550 хотзони на SunWireless низ Македонија.

Со овој договор, “Гранит“ се приклучува на листата хотели каде SunWireless обезбедува свој сервис, а ја сочинуваат уште и “Александар Палас“ , “Дрим“, “Хотел Монтана“, “Кристал Палас“ “Београд“, “Уни Палас“ и други елитни хотели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП